Индиски Океан | м.
Океан меѓу Африка и Азија.
индискретен | прид.
Што е премногу љубопитен, што не знае да чува тајна; зборлест, наметлив. Поставуваше многу индискретни прашања.
индискреција | ж.
Преголема, непристојна љубопитност, наметливост, газење на довербата.
индиспониран | прид.
Што се чувствува непријатно; нерасположен, без волја за работа и сл.
индиферентен | прид.
Што не се грижи; рамнодушен, незаинтересиран. Индиферентен човек.
индиферентизам | м.
Негрижа, рамнодушност спрема некого или нешто.
индиција | ж.
Знак, предзнак, симптом; околност според која се заклучува и суди за нешто. Врз основа на многу индиции, се утврди дека нашата претпоставка е точна.
Индоевропеец | м.
Назив за повеќе меѓусебно сродни групи европски народи, кои го сочинуваат мнозинството на денешното население во Европа, двете Америки и Австралија, како и индоиранските народи.
Индокина | ж.
Полуостров во Азија.