индивидуалитет | м.
Збир на особини со кои се разликува единката од сите други единки од својот вид. Македонски национален индивидуалитет.
индивидуум | м.
индигнација | ж.
Негодување, лутина, огорченост, презир. Со индигнација ја отфрлам оваа невистина и клевета.
индиго | ср.
(само едн.) Тропско растение од кое се добива темносина боја; Indigofera tinctoria.
Индија | ж.
Држава во Азија.
Индијанец | м.
Домородец од американскиот континент.
индикативен | прид.
Што укажува на нешто, што означува нешто, што дава индикација.
индикатор | м.
Показател. Расположението на граѓаните е основен индикатор на ситуацијата во земјава.
индикација | ж.
Показател, знак, ознака.
индиректен | прид.
Што е посреден, заобиколен. На индиректен начин ги извлеков информациите од него.