инкарнација | ж.
Олицетворение, отелотворување. Вие сте совршена инкарнација на мојот идеал за жена. Тој човек беше целосна инкарнација на добрината.
инкарнира се | св. и несв.
Се отелотвори, се отелотворува.
инкасант | м.
инкасатор | м.
Лице што ги наплатува сметките за вода, струја, телефон и прима готови пари, главно надвор од установа; благајник, наплатувач. Кога доаѓа инкасаторот, ништо не прашувам, плаќам колку што ќе побара.
инкасира | св. и несв.
Наплати, наплатува, прими, прима пари во готово.
инквизитор | м.
(истор.) Член на инквизицијата.
инквизиторски | прид.
Што се однесува на инквизитор и на инквизиција.
инквизиција | ж.
(истор.) Средновековен католички духовен суд што ги прогонувал и жестоко ги казнувал еретиците.
инкичка | ж.
инковиден | прид.
Што има вид, облик на инка. Инковидно шише.