иницијал | м.

(обично во мн.) Првите букви од името и презимето. Во аголот на шамичето беа навезени нејзините иницијали: К. Ј.

иницијален | прид.

Што е почетен, првичен, појдовен, основен. Иницијалната идеја за овој зборник потекна токму од него.

иницијатива | м.

Почетна идеја, побуда, поттик за некоја работа. На негова иницијатива се организираше работна акција. Недостигаше иницијатива за да се отпочне со работа.

иницијатор | м.

Лице што дава иницијатива за нешто, за некоја работа, дело; зачетник, поттикнувач. Меѓу децата, тој беше главен иницијатор на многу игри и лудории.

инјектира | св. и несв.

Стави, става инјекција.

инјекција | ж.

Течен лек што се внесува во организмот со игла и шприц. Лекарот ѝ препиша седум инјекции.

инка | ж.

Направа во вид на конус, на врвот продолжен со цевка што служи за претурање течност во сад со тесен отвор.

Инка | м.

Припадник на древен народ во Јужна Америка, на просторот на денешно Перу.

инќар | м.

Одрекување, оспорување.

инќари | несв.

Одрекува, оспорува. Преплашен почнал да инќари дека не е тој арамијата што го бараат.