интригира | несв.
Прави интриги, сплетки, збрки. Тој е способен да интригира, да измислува лаги и сплетки.
интригува | несв.
интровертен | прид.
Што е свртен кон себе, што е затворен во себе; повлечен. Интровертен карактер. Интровертен човек.
интровертиран | прид.
Затворен во себе пред другите луѓе.
интроспективен | прид.
Што се однесува на интроспекција. Интроспективен метод.
интроспекција | ж.
Непосредно набљудување на својот внатрешен живот, анализирање на сопствените дела и постапки, длабоко понирање во себе; самонабљудување, самоанализирање.
интуитивен | прид.
Што се однесува на интуиција, што се заснова на интуиција.
интуиција | ж.
Способност за непосредно насетување, проникнување во смислата на нештата, на појавите без расудување и логични заклучоци; претчувство. Нејзината женска интуиција ѝ велеше дека нешто не е во ред. Се водеше според својата интуиција во животот.
Инук | м.
Припадник на етничка група од арктичкиот дел на Канада, САД и Гренланд.
инфантилен | прид.
Што е психички недоразвиен, со особености на дете; детинест. Инфантилен човек.