информбировец | м.
Приврзаник на политиката на Информбирото.
информбировски | прид.
Што се однесува на Информбиро и на информбировец.
информира | св. и несв.
Даде, дава некому информација. Веднаш ме информира за промената на планот.
информираност | ж.
Особина на тој што е информиран.
инфразвук | м.
Звучни бранови чијашто честота на треперење е толку мала што не може да го прими човековото уво.
инфраструктура | ж.
Основни материјални услови, сите технички средства и системи, објекти и постројки (сообраќајници, енергетски системи, станбени објекти, патишта, водовод, канализација, трговска мрежа итн.) што се неопходни за развој на стопанството и што го обезбедуваат квалитетот на живеењето.
инфраструктурен | прид.
Што се однесува на инфраструктура. Инфраструктурни објекти.
инфрацрвен | прид.
Во составот: инфрацрвени зраци ‒ дел од светлосниот спектар што е невидлив за човековото око. Инфрацрвени зраци.
инфузија | ж.
Внесување течност (физиолошки раствор) во крвта, под кожата или во цревата на болниот при значителна загуба на крв за надоместување на телесните течности.
инхалатор | м.
Апарат за инхалација.