инфицира | св. и несв.
Предизвика, предизвикува инфекција, зарази, заразува.
инфицираност | ж.
Состојба на тој или на тоа што има инфекција.
инфлација | ж.
(екон.) Состојба кога во стоковно ‒ паричните односи ќе се јават многу повеќе пари во оптек и одобрени кредити наспрема мало количество на стоки и услуги што се нудат на пазарот; дефлација.
инфлуенција | ж.
Влијание.
информативен | прид.
Што дава информации, што известува за нешто. Информативен центар. Информативна програма. Статијата имаше информативен карактер.
информатика | ж.
Наука за собирање, обработка, чување и пренос на информации со употреба на електронски апарати (компјутери).
информатичар | м.
Лице што се занимава со информатика.
информатор | м.
Лице што информира, што известува; за нешто; известувач.
информација | ж.
Податок за некој факт, соопштение, известување, извештај за нешто. Немаме точни информации кога и каде се родил. Побарав детални информации за неговото минато.
Информбиро | ср.
Информационо биро ‒ советодавно и директивно тело за меѓусебна соработка на поголем број комунистички партии, основано во 1947 година, во Варшава.