искати | св.

Пченката ја собраа, ја искатија и ја оставија да се исуши.

искафти | св.

Со кафтење излупи клас од пченка.

искача | несв.

Излегува.

искачи | св.

качи2 Одвај го искачија мебелот на шестиот кат.

искашка | св.

Извалка со нешто течно, кашесто. Ги искашка чевлите во кал.

искашла | св.

Со кашлање исфрли нешто од грлото и од душникот. Болниот неколку пати искашла крв.

исквачи | св.

Изведе пилиња;

исквичи | св.

За куче, свиња и др. ‒ испушти карактеристичен звук.

искива | св.

Исфрли секрет со кивање.