искикоти се | св.

Силно се насмеа, прсне во смеа. Тој силно се искикоти пред нас.

искилави | св.

Направи некого да биде килав. Го искилавивте добитокот со тој товар.

искине | св.

Скине на парчиња. Го искина писмото и го фрли.

искисне | св.

Заврши со киснење на облека, ткаенина во вода.

искити | св.

Накити, украси. Ја искитија елката со лампиони во различни бои.

искласи | св.

Пушти клас, создаде клас. Житото за кратко време искласи.

исклепа | св.

Со клепање наостри сечило (на коса и сл.).

исклешти се | св.

Се насмее силно, гласно, покажувајќи ги забите со грда гримаса. Ми се исклешти пакосно и силно и си замина.

исклоца | св.

Удри некого со нога повеќе пати; клоца.. Магарето убаво го исклоца комшијата.