изгниен | прид.

Што изгнил, што е гнил. Изгниени штици. Изгниено сено.

изговара | несв.

изговор | м.

Начин на изговарање на гласови, зборови и сл. Правилен изговор. Литературен изговор.

изговори | св.

Оформи глас или низа од гласови со говорните органи. Учениците ги изговараа новите зборови еден по еден. Го изговори нејзиното име со многу љубов.

изговорлив | прид.

Што може лесно да се изговори.

изголта | св.

Голта сè што е за голтање, голта до крај; голта_1_2 Ги изголта сите апчиња. Ја изголта попарата без да трепне.

изгон | м.

Подземна вода, река.

изгони | св.

Избрка од некое место, од местото на живеење или на престој. Тој ги изгони сите од собата.

изгор | м.

Многу жешко време, летна горештина. На овој изгор не се работи.

изгора | ж.

Моја прва изгоро.