иззабради | св.

Забради многу, премногу. Таа го иззабради детето и го пушти на улица.

иззавитка | св.

Завитка добро, без можност да се одвие, завитка целосно, завитка сè со ред. Ги иззавитка кристалните чаши и ги нареди во кутијата. Ги иззавитка подароците и ги нареди под елката. Ги иззавитка децата добро, да не настинат.

иззаврзе | св.

Заврзе сè, до крај, без остаток. Ги иззаврзаа доматите на колци уште изутрина.

иззагине | св.

Изгине многумина, сите. Ќе иззагинеме сите на оваа чистина.

иззагради | св.

Загради сè, до крај, целосно. Иззагради како да ќе го грабне некој.

иззакачи | св.

Закачи сè, со ред. Ги иззакачија сите лампиони на елката.

иззаклучи | св.

Заклучи сè, со ред. Ги иззаклучи сите врати пред да оди на работа.

иззакопа | св.

Закопа сè, до последно. Ја иззакопаа сета покуќнина што можеше да се закопа пред да заминат од дома.

иззакрпи | св.

Закрпи сè, до крај. Иззакрпи сè што беше скинато.

иззалепи | св.

Залепи сè, залепи цела површина. Ги иззалепи сите сликички во албумот.