иззамрзне | св.

Замрзне сè, многу, во голем број.

иззапали | св.

Запали сè, запали многу работи. Војниците ги иззапалија сите куќи во селото.

иззатвори | св.

Затвори сè, со ред, затвори многумина, сите до еден. Ги иззатворија сите слаткарници во градот.

иззатне | св.

Затне сè, со ред. Ги иззатна со крпи сите дупки на колибата да не дува северот.

изземе | св.

Исклучи нешто од некое множество, од нешто. Оваа точка да се изземе од дневниот ред.

иззоба | св.

Со зобање изеде до крај, целосно. Го иззоба грозјето.

изѕвони | св.

Заврши со ѕвонење. Саатот изѕвони ама тој не се разбуди.

изѕемнат | прид.

Што изѕемнал, што измрзнал многу. Изѕемнати раце. Изѕмнати борци.

изѕемне | св.

Многу измрзне, премрзне целосно зафатен од студ. Децата изѕемнаа враќајќи се од училиште.