изнагрди | св.

Нагрди во голема мера, многу. Измачувањата ги изнагрдија нивните тела.

изнагрее | св.

Се изгрее, се стопли многу, доволно; 2; нагрее... Во планинарскиот дом се изнагреавме пред да тргнеме кон врвот.

изнагризе | св.

Нагризе повеќе нешта одеднаш, истовремено. Детето ги изнагризало сите јаболка.

изнаѓубри | св.

Наѓубри многу, доволно. Ја изнаѓубри нивата добро уште есеноска.

изнададе | св.

Даде многу некому или на повеќемина, истовремено, одеднаш. Ги изнададе сите покани.

изнаделка | св.

Наделка многу, во голема количина. Изнаделка греди за новата куќа.

изнадише се | св.

Се надише многу, доволно. Се изнадиша свеж планински воздух.

изнадојде | св.

Дојде, надојде во голем број. Изнадојдоа пазарџии од сите страни.

изнадраска | св.

Издраска многу, во голема мера. Мачката го изнадраскала детето.