изнаврне | св.

Наврне многу, обилно, во голема количина. Изнаврна доста оваа недела.

изнагази | св.

Нагази многу, натиска, настапка. Го изнагази добро грозјето.

изнагали | св.

Гали, милува многу, во голема мера. Ги изнагали внучињата.

изнагизди | св.

Нагизди некого многу, целосно. Девојките ја изнагиздија невестата.

изнагледа се | св.

Се нагледа во голема мера; Не може да ѝ се изнагледа. Се изнагледа сè и сешто по светот.

изнагнете | св.

Настава, наполни, нагнете нешто некаде. Ја изнагнете волната во една вреќа.

изнаголта се | св.

Се наголта, испие нешто во голема количина. Се изнаголта апчиња да ја смири нервозата. Се изнаголта изворска вода.

изнагости | св.

Нагости, пречека убаво, обилно некого или многумина. Го изнагостија добро кај вујко му.

изнаготви | св.

Зготви многу, наготви повеќе јадења одеднаш, истовремено. Изнаготви за цела недела.

изнаграба | св.

Награба многу, во голема количина. Изнаграба набрзина сè што можеше да грабне.