изнакваси | св.
Накваси, намокри добро, целосно. Ги изнакваси алиштата.
изнакива се | св.
Се искива многу, во голема мера. Се изнакива утрово берејќи цвеќе.
изнакикоти се | св.
Се искикоти многу. Децата се изнакикотија слушајќи го дедо им како им раскажува приказна.
изнакине | св.
Накине многу, во изобилство. Изнакина набрзина цвеќе од дворот.
изнакисне | св.
Стави нешто или многу работи добро да се накиснат. Ги изнакисна алиштата.
изнакити | св.
Искити, накити многу, целосно. Учениците ја изнакитија новогодишната елка во холот на училиштето.
изнакоти се | св.
За некои животни (глувци, зајаци и сл.) ‒ се накоти многу, во голем број. Зајаците што ги чувавме во визбата се изнакотија за кусо време.
изнакраде | св.
Искраде, накраде многу, во голема количина. Готвачката изнакрала од кујната многу продукти.
изнакрева | св.
Крене многу, во голема количина. Изнакревал тој товар во животот како никој друг.
изнакрене | св.
Крене повеќемина по нешто; крене многу нешта. Жените ги изнакренаа котлите на глава и тргнаа за дома. Изнакрена сè што можеше да крене.