изналути се | св.

Се налути многу некому. Се изналутија еден на друг. Тој се изналути што не го викнале порано.

изнамава | св.

Измава, натепа некого, многу. Тој ги изнамава децата оти ја скршиле стомната.

изнамачи | св.

Намачи некого многу да прави нешто. Ги изнамачија децата, по цел ден нижеа тутун. Последниот роман го изнамачи.

изнамачка | св.

Намачка многу, во голема количина. Изнамачка путер на сите лепчиња.

изнамести | св.

Намести сè што било за местење. Изнаместија по масите секакви јадења. Конечно изнаместивме дома, завршивме со варосувањето.

изнаниже | св.

Наниже многу, наниже сè што било за нижење. Го изнанижаа тутунот до пладне.

изнаноси | св.

Надонесе нешто во големо количество. Изнаноси суви гранки од планината.

изнаоблече | св.

Наоблече многу облека. Изнаоблече едни дебели џемпери.

изнаоѓа | несв.

изнаоди се | св.

Изоди многу, се наоди. Се изнаоди по патиштата разнесувајќи пошта.