имање 1 | ср.

Глаголска именка од има; немање.

имање 2 | ср.

Добиток. Бев во градината да наберам трева за имањето.

имател | м.

Лице што поседува нешто. На последните листови имателот на ракописов си водел белешки за своите секојдневни активности.

иматен | прид.

имашен | прид.

имашлив | прид.

Што е во добра имотна состојба; богат. Од сите нив само тој беше сиромашен, сите други беа имашливи луѓе.

имашлија | прид.

имаштија | ж.

Благосостојба;

имбецил | м.

Човек што е заостанат во умствениот развој; малоумник.

имбецилен | прид.

Што е душевно заостанат; малоумен.