име | ср.

Личен назив што му се дава на човекот веднаш по неговото раѓање; името заедно со презимето.

имела | ж.

(бот.) Полупаразит со жолтозелени цветови и бели плодови кај широколисните и иглолисните дрвја; Viscum.

именден | м.

Ден кога се слави името обично според името на некој светец.

именик | м.

Книга со список од имиња обично по азбучен ред. Телефонски именик.

именит | прид.

Што е нашироко познат, прочуен, значаен. Тој бил познат, именит и прв!

именител | м.

Број под дробната линија; делител.

именка | ж.

Полнозначен збор што именува предмет, суштество, поим. Сопствени именки. Апстрактни именки. Конкретни именки.

имено | мод.

Всушност. Тоа произлегува имено од нивните ограничени сфаќања.

именува | св. и несв.

Даде, дава име, назив, нарече; окарактеризира означувајќи со име (збор). Тој стар поп селаните го именуваа ,,праведник“. Капетанот Илија ја именува таа акција како провокација.