кутнувач | м.

Го притисна кутнувачот на пушката.

кутре | ср.

кутреник | м.

Кутар човек. Кутреникот беше лика и прилика на смртта.

кутри | прид.

кутрица | ж.

Кутра жена. Се разболе кутрицата.

кутурица | прил.

куфер | м.

Тврд правоаголен ковчег со капак и рачка за носење облека и предмети при патување. Голем куфер. Кожен куфер.

куц | прид.

Што има една нога покуса. Се родил куц. Куц со едната нога. Куцо куче.

куца | несв.

Оди со накривнување на една страна поради покуса, повредена или болна нога; криви. Куца на едната нога. Куца со години.