обгради | св.

Загради нешто од сите страни, постави ограда. Го обгради дворот со бодликава жица.

обгрне | св.

Прегрне, опфати некого или нешто со рацете. Ја обгрна девојката околу половината. Старицата ме обгрна радосно. Цврсто ја обгрна перницата и заспа.

обдари | св.

Даде некому дар; надари некого со нешто. Тој богато ги обдари своите гости. Природата го обдарила него со повеќе дарби.

обдени се | св.

Стане ден, се раздени. Надвор се обдени.

Обденица | ж.

Име на ѕвездата што се гледа наутро; планетата Венера. Угреала ѕвезда Обденица.

обдуе | св.

обдукција | ж.

Отворање мртво тело заради проучување или заради преглед на внатрешните органи и утврдување на причините за смртта;

обдуцира | св. и несв.

Изврши, извршува обдукција. Лекарот обдуцираше пред група студенти.