саботјанин | м.

Приврзаник на христијанска секта којашто држејќи се строго до Стариот завет ја празнува саботата, а не неделата;

саботјански | прид.

Што се однесува на саботјанин и саботјанка.

саботник | м.

Човек роден во сабота, особено пред задушница, пред Велигден или на полноќ на Бадна вечер што може да ги види самовилите.

саботнина | ж.

Помен на мртвиот што се прави во сабота, до една година од смртта.

савак | м.

Дел од воденичарскиот јаз каде што се вглавени горните краишта на буката.

савана | ж.

Тропска област покриена со високи треви и ретки грмушки. Африканска савана. Животните доаѓаат до храна во саваните.

сават 2 | м.

Стадо јарци и јалови кози кои се товат преку летото за пастрма.