фајл | м.

Програма и посебен дел од компјутерска програма, документ, слика, музичка композиција и друг тип на податоци запишани во дигитална форма и снимени, сместени како посебна логичка и физичка целост на некој носител на податоци: тврд диск, магнетна лента и др.

фајронт | м.

Време кога се завршува со работата, особено во врска со ноќните локали и кафеани. Фајронт, сите дома! Ќе седиме до фајронт!

фак | м.

Стапица за фаќање птици, глувци. На таванот постави фак за глувци.

факел | м.

Прачка, палка чиј еден крај е намотан со колчишта и премачкан со нешто што може да дава и одржува пламен. Коњаници наоружани со факли во рацете. Фрлил запален факел во бурињата со барут.

факир | м.

Индиски аскет кој со упорно вежбање стекнува такви вештини што изгледаат невозможни и чудесни.

факлоносец | м.

Тој што носи факел. Се погрижија за факлоносците.