факсимил | м.

Верна копија, репродукција на ракопис, слика, цртеж итн. на оригиналот. Факсимил на стар ракопис. Факсимил на документ.

факт | м.

Нешто што постои, што е стварно, што се случува. Очевиден факт. Неоспорен факт. Работите можат правилно да се оценат ако се познаваат фактите.

фактичен | прид.

фактички | прид.

Што е потврден како факт, постоен, вистинит. Фактичка состојба. Фактички резултати. Фактички докази.

фактичност | ж.

Реалност, состојба, вкупно дејство на тоа што е фактично, што фактички постои.

фактограф | м.

Тој што се занимава со фактографија, на кој изнесувањето на фактите му е основен пристап во проучувањето на нешто (особено на историските настани). Тој беше трудољубив фактограф на своето време.

фактографија | ж.

Опишување на факти без навлегување во анализа. Авторот строго се придржува кон фактографијата.

фактор | м.

Движечка сила, средство или услов за некој процес или појава. Политички фактор. Културните растенија својот живот го одвиваат во непосредна врска со факторите на надворешната средина.

фактура | ж.

Сметка за продадена стока или извршена услуга со детален опис за видот, типот, цената и сл. на тоа што е предмет на фактурирање. Фактура за печатарски трошоци.