цивил | м.

Граѓанин, граѓанско лице (наспроти војник или свештеник). Меѓу затворените имаше и двајца цивили.

цивилен | прид.

Што се однесува на цивил; граѓански; цивил 1, 2 и 3. Цивилна власт. Цивилна служба. Цивилна облека.

цивилизација | ж.

Висок степен на општествениот развој, првенствено во областа на материјалната култура; постигања на човековиот труд во развојот на севкупната материјална и духовна култура на еден народ.

цивилизира | св. и несв.

Направи, прави некого цивилизиран, доведе, доведува некого или нешто во состојба на цивилизација.

цивилизиран | прид.

Приопштен кон цивилизација; културен, образован, воспитан, учтив. Цивилизиран човек. Цивилизирани народи.

цивилист | м.

Специјалист по граѓанско право.

цивилистика | ж.

Наука за граѓанското право.

цивилство | ср.

Состојба на цивил; граѓанство;

цивка | несв.

За птици, глувци и др. ‒ испушта силен, продорен глас. Врапчето цивкаше во тревата. Фатеното глувче цивкаше.