цивкав | прид.
Што цивка. Цивкав стаорец. Цивкави птици.
цивкало | ср.
Птица или животинка што цивка. Малечкото цивкало не престануваше да цивка.
цивкот | м.
Висок, тенок и пискав глас што го испуштаат некои птици, глувци и др.; цивкање. Цивкот на славеј.
цивне | св.
Испушти силен, продорен глас. Врабецот цивна и не претна повеќе.
цигаја | ж.
Раса на овца. Има бела и црна цигаја.
цигара | ж.
Цврсто завиткани иситнети тутунови лисја во форма на кратко стапче за пушење. Запали цигара. Евтини цигари. Кутија со цигари.
цигаре | ср.
цигарен | прид.
Што се однесува на цигара, што припаѓа на цигара. Цигарен чад. Цигарна пепел. Цигарно жарче.
цигарлак | м.
Направа во облик на цевче со различна форма и од различен материјал (дрво, килибар и сл.) во која се става цигара при пушење; чибук. Долг цигарлак. Сребрен цигарлак.
цигарски | прид.
Цигарска хартија.