цирка | несв.

За вода ‒ тече слабо, по малку. Низ браздата циркаше вода.

цирка | ж.

Вид суптропско листопадно овошно растение со трнливи гранки, долги јајчести листови, ситни жолти цветови и мали овални плодови со тенка кафеава лушпа; сирка; Zizyphus jujuba L. Цирката има коскести плодови.

циркли | и.

Шестар и друг прибор за цртање. Кутија со циркли.

циркон | м.

Скапоцен камен во различни бои со силен, дијамантски сјај. Прстен со циркон.

циркулар 1 | м.

Умножено писмо, распис што се праќа до организациони единици, поединци и сл.; Циркуларот беше пратен до сите вработени.

циркулар 2 | м.

Кружна пила за сечење дрва. Го расипа циркуларот.

циркуларен 1 | прид.

Што се однесува на циркулар1. Циркуларно писмо.

циркуларен 2 | прид.

Што се однесува на циркулар2. Циркуларен нож.

циркулација | ж.

Кружно движење, кружење. Циркулација на крвта. Циркулација на воздухот.

циркулира | св. и несв.

Се движи во круг, кружи. Топлиот воздух циркулира во садот.