циркумфлекс | м.

Вид акцент во некои јазици.

циркус | м.

а) Група луѓе кои патуваат и изведуваат театарски претстави прикажувајќи различни вештини поврзани со акробатика, гимнастика, жонглирање, дресирање животни и др. Во градот пристигна циркус. б) Вид театарска изведба, претстава што прикажува такви вештини. Гледавме циркус. Тој е акробат во циркус.

циркусант | м.

Циркуски артист, акробат. Млади циркусанти.

цироза | ж.

Болест на некои внатрешни органи што се карактеризира со собирање, намалување на органот поради разраснување на врзивното ткиво. Цироза на црниот дроб.

цирон | ж.

Риба белвица посолена и исушена на сонце. Вкус на цирони. Сушени циронки

цирус | м.

Мал бел облак од највисоките воздушни слоеви составен од крупни ледени кристали. Бели цируси.

циста | ж.

Израсток во телото или на некој орган во вид на меур исполнет со гној или со сукрвица што настанува поради болест. Цисти на јајниците.

цистерна | ж.

Резервоар за собирање вода во вид на ископана и изѕидана јама во земја. Празна цистерна.

цитадела | ж.

Тврдина, упориште, обично на некое возвишение, што служи за одбрана. На ридот има остатоци од цитадела.

цитат | м.

Точно и целосно пренесен дел од некој текст или од определен автор. Библиски цитати.