црешов | прид.

Што припаѓа, што се однесува на цреша, што е од цреша. Црешов сок. Црешова гранка.

црешовиден | прид.

Што има форма на цреша. Црешовидни пиперчиња.

црешовица | ж.

Ракија од цреши. Шише црешовица.

црка | несв.

Вреска, вика. Надвор цркаа деца. Таа цркаше по мажот.

цркала | несв.

црканица | ж.

Голема викотница, врева, викање. Однадвор се слушаше црканица.

црква | ж.

Христијански храм, објект во кој се вршат верски обреди. Стара црква. Селска црква. Се венчаа во црква.

црквар | м.

Тој што често оди во црква, верник. Млади црквари.