црепналка | ж.

Крпа со која се брише црепната; подничарка. Парталава црепналка

цресло | ср.

Железна направа слична на нож, се става пред ралникот за да ја сече полесно земјата. 'Рѓосани цресла.

цреша | ж.

(бот.) Овошно дрво со издолжено јајчести и назабени листови, бели цветови и мали, тркалезни и сочни, коскести плодови со мазна жолта, црвена или црна лушпа; Prunus avium. Падна од црешата. Расцутени цреши.

црешак | м.

Место што е обраснато или насадено со цреши. Долина со црешаци.

црешар | м.

Лице што бере или продава цреши. Млади црешари.

црешница | ж.

Црешново дрво. Стара црешница.