чакарлив | прид.

чакија | ж.

Вид џебен нож што се склопува, обично со коскена рачка.

чакмак | м.

Огнило, секало. Извади од појасот чакмак и заудира по каменчето.

чакнат | прид.

За човек ‒ што е удрен, нетокму. Човекот е малку чакнат, не знае што зборува.

чакне | св.

Удри малку, потчукне.

чакрест | прид.

чакрлив | прид.

чакрлија | прид.

Што е со шарени очи.

чакшири | и.

Вид шајачни панталони, дел од народна носија; Носеше сукнени чакшири и износени опинци.

чалам | м.

Претерано фалење на самиот себе со своето однесување, особено на тој што се прави премногу паметен, важен, се дига на големо.