шалитрен | прид.

Што се однесува или што има во себе шалитра. Шалитрена киселост на сувомесни производи. Шалитрен раствор со дестилирана вода.

шалтак | м.

Шлаканица, удар со рака. Тој ѝ влепи еден шалтак. Тоа дете добиваше секој ден шалтаци од татко му.

шалтер | м.

Отвор, простор на станица, банка, пошта и сл. преку кој службените лица комуницираат со луѓето. Тој отиде на шалтерот бр.

шам- | претс.

Како прв дел од сложенка што укажува дека нешто е со потекло од Дамаск, од Сирија: шам-кајсија, шам-кутија, шам-шалвари, шам-прекривка и др.

шамак | м.

(бот.) Барско растение, еден вид трска; шавар; Scirpus. Низ трските и шамаците се пробиваше со гумени чизми. Местото беше обрасното со густ шамак. Пространства покриени со шамак.

шаман | м.

Свештеник кај некои народи (Монголци, Татари и некои верски движења во Јужна Америка). Шаманите го изведуваат својот утрински ритуал.

шаманизам | м.

Религија со спиритуалистички, магиски облик на дејствување, со култен однос кон природата и нејзината магиска врска со духовите, развиена во Азија и во некои делови од Јужна Америка.

шамански | прид.

Што се однесува на шаман и на шаманизам, што припаѓа, што е својствен за шаман. Шамански ритуали. Шаманско верување. Шамански обред.

шамата | ж.

Врева, викотница. Во куќата се крена голема шамата.