шутрак | м.

(разг., пејор.) Глупак, човек што е нетокму, мрднат. Какви шутраци минале во оваа зграда. Од обичен шутрак сторија големец.

шутрикав | прид.

Што е будалест, мрднат, нетокму во умот. Шутрикави деца.

шуш! | изв.

За гонење некои животни и за бркање луѓе од некој простор. Шуш оттука!

шуш-буш | изв.

Во изразот: се договара, прави нешто заматено, тајно и нејасно.

шушка 1 | ж.

Ронка, ситно парче од нешто. Работилницата беше полна со шушки, прашина и отпадоци.

шушка 2 | ж.

(дијал.) Сува пиперка. Во низи беа наредени црвени и зелени шушки.

шушка | несв.

Прави, испушта некаков шум. Шушка нешто во сламата. Шушкаат сувите лисја.

шушкав | прид.

Што шушка, што прави некаков шум. Шушкава свила. Шушкави лисје. Шушкава хартија. Шушкав фустан. Шушкави панталони.

шушкавец 1 | м.

Горна облека направена од шушкав материјал што штити од дожд и од ветер. Спортистите носеа шушкавци.

шушкавец 2 | м.

Заразна болест што ги напаѓа говедата и овците, при допир кожата на заболеното животно шушка под прстите. Шушкавецот се распространи на целата територија.