ќулче | ср.

Парче леан метал. Ќулче од куршум.

ќумбе | ср.

Печка на дрва или на нафта, што се користи за греење и/или за готвење. Го запали ќумбето и седна. Во собата баботеше ќумбето.

ќумез | м.

Кокошарник, гулабарник.

ќумур | м.

Јаглен, дрвен јаглен. Од запалениот ќумур почнаа да прскаат искри.

ќумурџија | м.

Тој што прави или продава ќумур; јагленар.

ќумурџилница | ж.

Место каде што се прави или се продава ќумур; јагленарник.

ќумурџиски | прид.

Што се однесува на ќумурџија.

ќунк | м.

Лимена цевка за ќумбе, печка низ која минува димот до оџакот; дел од таква цевка. Ќунците мора добро да се наместат за да не излегува димот. Боја за ќунци.

ќуп | м.

Длабок земјен сад со тесно грло и со две рачки од страните. Ќуп со вино. Ќуп со златници.