аџамилак | м.
Неискусност, незрелост, неопитност.
аџамија | м.
Неискусно, младо лице.Таа беше аџамија, младо девојче што не го знае животот. Млади аџамии, улави, не знаат што прават.
аџи | претс.
Збор што се става пред името за означување дека се работи за човек што бил на аџилак.
аџилак | м.
Поклонение во светите места.
аџија | м.
Човек што бил на поклонение во светите места, Мека за муслиманите и Ерусалим за христијаните.