аџија | м.
Човек што бил на поклонение во светите места, Мека за муслиманите и Ерусалим за христијаните.
аџилак | м.
Поклонение во светите места.
аш! | изв.
За нешто што е скриено, што го нема веќе, обично при обраќање на деца.
ашик 1 | м.
Љубов, мерак. Ашик се стори.
ашик 2 | м.
Коска од задното колено на животните; чашка.
ашиќаре | прил.
Јавно, очигледно.
ашка | несв.
Турка. Децата се ашкаа пред вратата. Девојчето го ашкаше братчето на клупата.
ашканица | ж.
Турканица, бутканица, метеж. Одеднаш се стори една ашканица во чекалната и редот се загуби.
ашколсум | изв.
Прекрасно, одлично, браво
ашладиса | св.
Накалеми.