балканијада | ж.
Спортски натпревари на претставници од балканските народи. На оваа балканијада Македонија го освои првото место.
балканистика | ж.
Наука што го проучува животот, културите, јазиците и др. на балканските народи. Во тематската област балканистика авторите на трудовите навлегуваат во повеќе потесни тематски подрачја.
балканолог | м.
Научник кој се занимава со балканологија.
балканологија | ж.
Балкански Полуостров | м.
Полуостров во Европа.
балкон | м.
Издадена мала заградена тераса на куќата. Куќа со два балкона.
бало | ср.
Танц, игра. Со сатаната бало сте играле. Ги свиреше најновите бала.
балон 1 | м.
Шупливо, еластично, по форма елипсовидно, топчесто и сл. тело, исполнето со гас полесен од воздухот за да може да се крева, да се движи високо над земјата, служи за летање, посматрање, мерење и сл.; аеростат. Со балонов ќе одам на Марс.
балон 2 | м.
Голем стаклен сад за течност (обично оплетен со прачки). Држеше в раце балон од десетина литри. Од искршените балони се цедеше вино.
балсам | м.
Мирислива смеса од етерични масла и смоли што се употребува како лековита маст. Стави балсам врз отворените рани.