бавчанџија | м.

Тој што се занимава со одгледување градинарски производи; градинар.

бавчанџиство | ср.

Градинарство. Целиот свој живот се занимава со бавчанџиство.

багаж | м.

Потребни работи што се носат при патување (куфери, торби и др.). Тежок багаж.

багажен | прид.

Што се однесува на багаж. Багажен простор.

багажник | м.

Место или направа за багаж на превозно средство (на велосипед, во автомобил и др.).

багатела | прил.

Нешто незначително, со мала цена. Го купив евтино, багатола.

багателен | прид.

Што е незначително, евтино. Багателна работа. Багателна стока.

Багдад | м.

Главен град на Ирак.