дозаврти | св.
Заврти до крај нешто што не било добро завртено.
дозакопа | св.
Заврши со закопувањето сосема, закопа нешто што не било добро закопано. Го дозакопав ковчежето што ѕиркаше од под сувите лисја.
дозалепи | св.
Заврши со лепењето сосема, залепи нешто што не било добро залепено. Ги дозалепив фотографиите во албумот за да не се изгубат.
дозамеша | св.
Замеша нешто сосема, до крај.
дозамрачи се | несв.
Се замрачи сосема, до крај. Се дозамрачи и излеговме од скривницата.
дозаокружи | св.
а) Заврши со заокружувањето, заокружи сѐ. Дозаокружете ги точните одговори и предадете ги тестовите. б) Заокружи до крај. Ја дозаокружи линијата.
дозапали | св.
Запали нешто до крај.
дозапетла | св.
Запетла нешто до крај. Девојката ја дозапетла кошулата.
дозаплетка | св.
Заплетка нешто уште повеќе, до крај. Сакајќи да помогнам, уште толку ја дозаплеткав преѓата. Со твоите неумесни прашања ме дозаплетка.
дозапусти | св.
Запусти нешто до крај. Го прекрои фустанот и го дозапусти.