дуња 1 | ж.

Вид ниско овошно дрво со крупни, жолти и мирисливи плодови; Cydonia oblonga. Прачка од дуња. Надвор цутеа дуњи.

дуња 2 | ж.

Земја, свет, народ. Сокол е тој, на дуњата што го нема. Да видиме до каде ќе ја доведеме дуњава.

дуњица | ж.

Вид трева што се среќава на ливадите и пасиштата и дава добра паша. Дуњицата е медоносна трева.

дуќан | м.

Мала, занаетчиска работилница што служи и како продавница за сопствените производи. Стариот кондураџиски дуќан сѐ уште работи. Држи терзиски дуќан.

дуќанлак | м.

Трговија. Се занимава со дуќанлак.

дуќанџија | м.

Лице што има дуќан или што продава во дуќан. Богат дуќанџија. Група дуќанџии.