дребнулија | ж.

Ситни, малечки предмети. Украсни дребнулии.

дреболија | ж.

Разни дреболии.

дребулија | ж.

Евтини дребулии. Непотребна дребулија.

древен | прид.

Што бил, што постоел многу одамна, во далечното минато. Древни писатели. Древни времиња. Древна историја. Древни ракописи.

дрежди | несв.

Чека долго време на исто место. Дреждиме со отворени очи. Дреждам ноќе.

дрезга | ж.

Се изгубија во дрезгите.

дрезгав | прид.

зарипнат.

Дрезден | м.

Град во Германија.