душовадник | м.

Лице што мачи, што измачува некого; крвопиец. Арамиите се душовадници.

душогрижник | м.

(арх.) Свештеник, поп. Селаните се загрижија да не останат без свој душогрижник.

душогубен | прид.

Што е погубен, смртоносен. Душогубен бол. Душогубна борба.

душогубник | м.

Лице што убива. Душогубниците бараа нова жртва.

дујмен | м.

Заден дел од пловен објект; кормило, крма.

дујменџија | м.

Лице што управува со дујмен, кормилар.

дуљбија | ж.

Дурбин. Гледаше низ полето со дуљбија.