деловоден | прид.

Што е службено запишан. Деловодна книга.

деловодител | м.

Лице што води службени книги и документи. Општински деловодител.

делокруг | м.

Подрачје на некоја дејност.

делотворен | прид.

Што предизвикува добро дејство; успешен, ефикасен. Делотворна работа. Делотворна функција. Делотворно влијание. Делотворни сили.

делта | ж.

(само едн.) Четвртата буква од грчката азбука.

делтоид | м.

Четириаголник составен од два рамнокраки триаголника со различна висина и со иста, заедничка основа.

делтоиден | прид.

Што се однесува на делтоид, што има форма на делтоид.

делувиум | м.

Нанос во подножјето на падини што настанал со миење на ситни честици земја и камења. Смолничав делувиум.

делум | прил.

делумен | прид.

Што опфаќа само еден дел, што не е целосен. Делумен извештај. Делумна анализа. Делумна или целосна информација. Делумно задоволство.