дени се | несв.

денк 1 | м.

Количество од предмети, од материјали или од стока врзана, завиткана, спакувана и сл.; пакет, врзоп, сноп. Денкови со рогозина. За секој денк треба да се плати по пет пари. Има педесет денкови со памук.

денк 2 | м.

Стара мера за тежина, една четвртина од драмот. Златарите го мереле златото со драмови, денки на прецизни терезии.

деновиште | ср.

Место каде што војниците и ајдуците го минувале денот (обично во шума близу до некој извор); На деновиште се одмораме, го чистиме оружјето. Ги знаеше ајдучките деновишта, ги знаеше и нивните зимовишта.

деноноќен | прид.

Што се случува непрекинато и дење и ноќе, што се однесува на деноноќие; постојан. Деноноќни дежурства. Деноноќни смени.

деноноќие | ср.

Време, период од дваесет и четири часа, од ден и ноќ. Неколку деноноќија. Две цели деноноќија. Зимски деноноќија.

денски | прид.

Што се однесува на ден. Денска светлина. Ноќни и денски смени.

дента | прил.

Тој ден во минатото. Дента напаѓа снег. Го виде дента.

дентист | м.

Заболекар.

денува | несв.

Го минува денот. Денува и ноќева кај тетка му. Ќе денува в планина. Ден денува.