дијабетес | м.

Шеќерна болест.

дијабетичар | м.

Тој што боледува од дијабетес.

дијабетичен | прид.

Што е болен од дијабетес.

дијагноза | ж.

(мед.) Утврдување болест преку преглед на болниот. Постави дијагноза. Точна дијагноза.

дијагностика | ж.

Гранка на медицината што се занимава со методите за поставување дијагноза.

дијагностицира | св. и несв.

Постави, поставува дијагноза кај болен човек врз основа на симптомите на болеста.

дијагностичар | м.

Лекар што ја утврдува болеста, што поставува дијагноза.

дијагонала | ж.

Права линија што поврзува два спротивни агли од правоаголник или два несоседни агли од повеќеаголник.

дијагонален | прид.

Што оди накосо, во правец на дијагоналата. Дијагонални линии.

дијаграм | м.

Графички приказ на определени количества, геометриски цртеж што сликовито прикажува разни бројни односи. Дијаграм на производството во тековната година. Изработка на дијаграм.