животодавец | м.

Тој што дава живот; животворец (обично во религиозна смисла). Бог е животодавец.

животопис | м.

Опис на животот на некоја личност; биографија. Животопис на писателот.

животописен | прид.

Што се однесува на животопис; биографски. Животописните податоци се црпени од неговите белешки.

животописец | м.

Автор на животопис; биограф.

живурка | несв.

Живее скудно, одвај живее. Нивните родители живуркаа со помошта што им ја даваа тие.

жиг 1 | м.

а) Направа со врежан натпис или знак којашто служи за ставање отпечаток врз некого или врз нешто заради обележување, распознавање, заверка и сл.; б) Отпечатокот што се става. Со вжештен железен жиг Римјаните ги обележувале своите робови.

жиг 2 | м.

Жал, тага. Многу ми е жиг за тебе.