ждранга | несв.

Тропа, предизвикува силни испрекинати звуци. По нив ждрангаше стара кола.

ждрапа | несв.

ждреб | м.

Извлекување на еден предмет (обично парче хартија) од повеќе такви предмети заради донесување на некоја одлука; лотарија, коцка. Ќе ве задржам до часот на ждребот што треба да го извлечете.

ждреба | несв.

Одлучува, донесува некоја одлука со помош на ждреб; фрла коцка. Сега јас ќе ждребам.

ждребе | ср.

Младо од коњ. Ждребето беше немирно и палаво.

ждребен | прид.

За кобила што ќе се ождреби. Ждребната кобила не ја товараме.

ждребец | м.

а) Машко ждребе. б) Расен коњ за приплод.

ждреби се | несв.

Донесува на свет ждребе. Кобилата се ждреби секоја година.

ждребица | ж.

Женско ждребе.