измоча | св.

Изврши мочање врз/на нешто. Тој го измоча крвавиот прст, да не загнои.

измрда | св.

Мрдне, помести од своето вообичаено место. Малку ја измрда масата накај прозорецот.

измрзнат | прид.

Што измрзнал, резултат од подолга изложеност на студ и мраз. Измрзнати нозе. Измрзнати овошни дрвја Измрзнати цвеќиња.

измрзне | св.

Изѕемне, премрзне. Жените измрзнаа на студот чекајќи за леб.

измрзнувачка | ж.

Измрзнување, многу студено време. Надвор е измрзнувачка.

измрка се | св.

За овци и кози ‒ заврши со мркање. Овците се измркаа рано.

измрмори | св.

Со мрморење каже нешто, често неразбирливо. Старата влезе во одајата, измрмори нешто неразбирливо и излезе надвор.

измрси | св.

Направи нешто да биде мрсно; мрсиЈа измрси тепсијата пред да ја стави тортата да се пече.

измрсулави | св.

Извалка со мрсули некого или нешто. Детето ги измрсулавило ракавите.