иј | изв.

Иј, што убава мома! Иј, каков си! Иииј!

иља | прил.

Само. Овие комшииве и родниниве твои, иља да те видат да плачеш ‒ срцето им се полни.

иљач | м.

Лек. Ќе му треба појак иљач ако сака побрзо да оздрави.

иње | ср.

Замрзнати водени честици што се нафаќаат по предметите; смрзната магла; сињак.