изназеме | св.
Наземе многу работи одеднаш, истовремено. Изназеде од разрушената куќа сè што можеше да се земе.
изназоба се | св.
Се назоба многу, во голема количина. Се изназобаа грозје. Се изназобаа цреши.
изнаигра се | св.
Се наигра доволно, до задоволување, многу. Децата се изнаиграа на ливадата. Се изнаигравме на свадбата.
изнакаже | св.
Каже, раскаже многу. Ми изнакажа работи за кои не сум ни знаел дека постојат.
изнакани | св.
Покани, накани гости во голем број. Изнаканивме гости од околните места.
изнакапе | св.
Накапе многу, обилно. Го изнакапа чаршафот.
изнакачи | св.
Качи, накачи многумина. Ги изнакачи децата на камионот.
изнакашла се | св.
Се накашла многу, во голема мера. Од цигарите се изнакашла добро. Се изнакашла палејќи огин со овие влажни дрва.
изнакваси | св.
Накваси, намокри добро, целосно. Ги изнакваси алиштата.
изнакива се | св.
Се искива многу, во голема мера. Се изнакива утрово берејќи цвеќе.