кечап | м.

Вид доматен сос.

кече | ср.

Бела машка капа од валана волна, во вид на полутопка, дел од албанската носија; Старецот на главата носеше бело кече.

кеш | м.

Готовина; готови пари, во пари. Жената плати во кеш. Исплата во кеш.

кеј | м.

Соѕидан брег на регулирана река со шеталиште. По кејот на реката имаше клупи во сенките на дрвјата. Секоја вечер шетаа по кејот на Вардар.

Кејптаун | м.

Град во Јужноафриканска Република.

кељ | м.

Двогодишно растение што се употребува како зеленчук во исхраната, вид зелкова култура; Brassica oleracea sabauda.

кибар | прид.

Што е отмен, елегантен, уреден, педантен; што е достоинствен, горд. Кај е за него оваа куќа домаќинска и вакво кибар девојче.

кибарен | прид.

Каква кибарна жена; не знаеш дали е повеќе чистотна или кротка. Кибарна куќа.

кибарски | прид.

Како прид. Што се однесува на кибар.

кибернетика | ж.

Наука за општите принципи и законитости во процесот на управување, пренос, обработка и чување на информации во машините, живите организми и во економските системи.